06 Декември, 2025
0.0931

МНР: Пријавувањето на граѓани кои сакаат да се вратат во земјава заврши

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020 07:50

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад сите македонски граѓани, кои во изминативе денови се пријавија. Рокот е веќе завршен, информираат оттаму.

МНР информира дека има околку 2.300 граѓани, кои се најмногу затечени во европските земји, а веднаш по враќањето во земјава ќе бидат ставени во задолжителен државен карантин од 15 дена.

Во изминативе денови тие можеа да се пријават на е-меил адресите и телефоните на дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското конузларно претствништво во соседната земја или во земјата од регионот.Според министерот за надворешни работи Никола Димитров, пријавувањето на граѓаните било важно за да се има прецизна евиденција и податоци, за да може да почне организирањето на конвоите. Во текот на викендот, тој најави и дека деновиве ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора каде има околу 70 наши граѓани. И тие ако дојдат во земјава ќе бидат ставени во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.Се контактираат и сите земји од шенген зоната – доколку некои граѓани поради актуелната состојба со коронавирусот го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија