19 Декември, 2025
0.0403

МНР за изјавата на Дачиќ: Македонија и Србија имаат многу блиски и длабоки пријателски односи

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2017 16:08

Добивај вести на Viber

По вчерашната изјава на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ дека Србија згрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, денеска пристигна реакција од македонското МНР. 

Во реакцијата на МНР се вели дека меѓу Македонија и Србија има многу блиски и длабоки пријателски односи и не е случајно што граѓаните во двете земји имаат многу позитивни чувства за соседите од другата страна. 

„На политичарите им останува само да ги продлабочуваат тие историски односи, доколку тоа не е возможно тогаш треба да бидат одговорни барем да не го рушат пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија во двата правци. Ова треба да важи и во услови кога е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО“ - велат од МНР.  

Дачиќ кажа дека Србија ќе води политика на реципроцитет, но тоа не значи дека нешто билатерално ќе преземе против тие земји. Додаде и дека Белград во билатералните односи со Скопје и понатаму ќе го користи уставното име на Македонија, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во ЕУ и Обединети нации – БЈРМ.

Во интервју за „Бета“, Дачиќ вели дека тоа не е одмазда за нашето признавање на Косово и поддршката за неговото членство во УНЕСКО, туку одговорна државна и национална политика.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки