05 Декември, 2025
0.0322

МНТ и Танец во хуманитарна акција за возобновување на Трескавец

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2013 13:30

Добивај вести на Viber

Ансамблот Танец на 22 февруари ќе оддржи хуманитарен концерт за обнова на манастирот Трескавец. На концертот ќе настапат пејачките Блага Петреска и Сузана Спасовска. На оваа хуманитарна акција се приклучуваат и актерите од Македонија, поради што ќе одржуваат хуманитарни претстави. -Ќе има исто така уште голем број на други хуманитарни концерти, аукција на слики, голем број на културни манифестации кои веруваме дека ќе овозможат собирање на една позначајна сума на финансиски средства, кои ќе бидат упатени на жиро сметката која е под капата на Македонската православна црква, исклучиво жиро сметка за возобновување на обновиување на конаците на манастирот Трескавец, рече градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески. Уметниците кои се дел од овие хуманитарни претстави се откажале од хонорарот кој им следува, за тие средства да бидат донирани за повторна изградба на манастирот кој изгоре. Ова е распоредот на хуманитарсните претстави кои ќе се одржат: 22. февруари: Театар Комедија со претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски 25. февруари: МНТ и Театар за деца и младинци со претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов 26. февруари: Драмски театар со претставата „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски 27. февруари: Театар од Велес со претставта „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов 28. февруари: Народен театар од Битола со претставата „Хенри VI“, III дел во режија на Џон Блондел 1. март Театар Војдан Чернодрински од Прилеп со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Иво Милошевиќ 22 февруари: Концерт на Ансамблот „Танец“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Гости на концертот се: Блага Петреска и Сузана Спасовска.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!