МНТ се уште вон функција, откако се поплави од невремето пред две недели
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022 09:32
Македонскиот народен театар и натаму не може да функционира, по големото невреме кое го поплави Скопје на 30 август. Во исцрпувањето на водата, два и пол дена помагала и армијата и Министерството за култура, но и натаму не се знае кога ќе започне новата сезона на оваа институција.
Оштетени се малата сцена, сценографијата и костимите, механичката соба, и најосетливиот дел - долниот погон кој ја придвижува големата сцена. Одреден период во театарот немало ниту електрично напојување.
- Сие вработени се фативме за работа и треба да ги пофалам сите кои дадоа се од себе да зачуваат тоа што можеше да се зачува. Овие денови се прави проценка од стручни лица, од нашите вработени се направи комисија за записник и заедно со проценката ќе се види колкава е штетата, рече Мила Анѓелковиќ во утринската емисија на Телма.
Во наредниот период ќе следува хемиско чистење, дезинсекција и дератизација и ќе треба да се направи проценка на кој датум МНТ ќе започне со рбаота.
Театарската екипа во моментов единствено може само да гостува.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




