Мобилен шалтер на УЈП задутре пред општина Аеродром
Објавено во: Мои пари 13 Март, 2013
„Мобилен даночен шалтер“ ќе постави Управата за јавни приходи во петок пред општинската зграда на Аеродром , преку кој даночните услуги ќе можат да се доближат до даночните обврзници.
Преку опремено комбе како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење/седиште ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, поточно да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.
Целта на оваа активност на УЈП е да се овозможи достапност на услугите, како и да се зголеми ефикасноста на мобилните даночни шалтери и на тој начин да се задоволат потребите на граѓаните и правните субјекти.