Мобилната болница до Инфективната клиника ќе почне да прима пациенти
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2020
Со 130 кревети, мобилната
болница која е поставена веднаш до Клиниката за инфективни болести ќе почне да
функционира. Поставувањето траеше една недела, а активностите ги изведуваа Град
Скопје, Министерството за здравство и Министерството за одбрана.
–Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви и кревети, истакна пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче.
Клиниката за инфективни болести заедно со дополнителниот капацитет за прием на тешко и средно-тешко болни пациенти со коронавирус располага со 250 болнички кревети, а со близу 400 кревети располага Градската болница „8 Септември“ во Скопје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.