Добивај вести на Viber
Игротеката при Детската клиника од Скопје од денеска е збогатена со нови детски реквизити, благодарение на донацијата од модната креаторка Олгица Ѓоргиева и нејзините клиенти. Тие донираа играчки и помагала кои имаат за цел да им го олеснат и разубават престојот на децата во клиниката.
“Морам да признаам дека колекцијата “ Unrestricted”, токму поради оваа донација ми е посебно драга. Се чувствувам навистина исполенето и среќна сум што заедно со клиентите успеавме да собереме средства и да ја разубавиме игротеката на Детската клиника и искрено се надевам дека подароците ќе им ги разубават тешките денови на дечињата во болницата”, изјави Ѓоргиева по донацијата.
Акцијата за донирање беше покрената во декември, со промоцијата на комерцијалната колекција на Ѓоргиева - “Unrestricted”. На промоцијата беше најавено дека со секое купување на парче од колекцијата определен дел од средставата ќе одат во хуманитарни цели.