Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2025 16:19
„Funky Buddha“, главниот моден бренд на грчката компанија „Altex S.A.”, влегува на македонскиот пазар со отворање на својата прва продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Продавницата е лоцирана на првиот кат на молот и нуди модерна облека и обувки за мажи и жени, како и различни модни додатоци.
Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура. Брендот е верен на принципите за одржливост и одржлив развој, нудејќи високо квалитетна, удобна и достапна облека со уникатен карактер.

Во новата продавница на „Funky Buddha“ во Diamond Mall се достапни најновите модели на брендот од сезоната есен-зима 2025 година. Можат да се најдат и многу уникатни модни додатоци, кои се вистинско уживање за љубителите на модните трендови.
Основана во 2005 година, „Altex S.A.“ е модна компанија за дизајн и дистрибуција на облека и модни додатоци. Компанијата има мрежа од над 70 продавници во Грција и Кипар и постепено го шири своето присуство во други земји. Вработува 350 вработени и има годишен обрт од 44 милиони евра.
Со новата продавница на уште еден ексклузивен моден бренд Diamond Mallдополнително ја збогатува својата шопинг понуда и нуди нов урбан шмек во градот. Покрај шопинг сегментот, кој го сочинуваат 150 продавници, Diamond Mall ја има и Гурманската авенија (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани модерни ресторани и кафулиња и Зоната на соништата (Dream Zone), која е најголем едукативно-забавен центар за деца и млади кај нас.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





