Могерини порача дека Европа и светот треба да извлечат поука од пандемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
По пандемијата наголемата опасност за ЕУ ќе доаѓа одвнатре, вели екс шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, смета дека во периодот по пандемијата на Ковид-19 најголем предизвик за единството на Унијата ќе бидат внатрешните политички тензии, предизвикани од популистичките и антисистемските ставови на екстремната десница. Таа вели дека Европа и светот треба да извлечат поука од пандемијата.
„ЕУ е родена врз основа на градењето соработка и прекинот на конфликтите. Национализмот може да не врати на идејата дека ние е подобро едни без други и дека другите наши членки се нашите ривали. Доколку ЕУ влезе во логиката на национализмот, последиците може да бидат поголеми од оние на пандемијата“, рече Могерини.
Учествувајќи во економската дебата во Минхен, Могерини оцени дека граѓаните на Европа, но и на светот, за време на пандемијата за првпат ја разбраа меѓусебната поврзаност и условеност на нивната сопствена безбедност и безбедноста на другите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.