25 Јануари, 2025
0.0276

“Мојата апликација заслужува одговор”

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

По вторпат оваа година Ротаракт клубот Скопје Центар ја организира кампањата на проектот “Мојата апликација заслужува одговор”. Водени од искуството на младите, дека во денешно време се повеќе се соочуваат со проблеми при аплицирање за работни места, Ротаракт клубот Скопје Центар спроведува кампања која цели кон подигнување на општествената одговорност на компаниите. Целта на проектот “Мојата апликација заслужува одговор” е да се мотивираат компаниите да дадат повратен одговор на добиена работна апликација. Кампањата интензивно се одвива два пати на годишно ниво. Во овој временски период на приватните компании ќе им биде презентирана и понудена платформата за автоматско одговарање на добиените апликации која ќе се состои од благодарност за примената апликацијата и дополнителна информација за процесот на избирање на кандидатите. Имплементирањето и прифаќањето на овој проект цели кон намалување на неизвесноста на кандидатот во исчекување, но и истовремена можност кандидатот да аплицира на друг оглас, доколку добие негативен одговор од првиот работодавец. При применување на ваквиот одговор на добиена работна апликација, компаниите даваат една позитивна слика која алудира дека секој апликант и сечијо време е вредно да се удостои со одговор. Со отпочнувањето на оваа кампања ќе бидат исконтактирани над 150 компании кои имаат отворени огласи за работни позиции, а Ротаракт клубот Скопје Центар ќе се обиде да влијае на компаниите да ја зголемат својата општествена одговорност и одговорноста на своите сектори за човечки ресурси.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес