18 Декември, 2025
0.0402

МОЈСОСКА - КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУГА: Левица повикува на мобилизација на сите граѓани кои сакаат промени

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2025 15:38

Добивај вести на Viber

Со особена чест и одговорност најавуваме дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници.

Ова го посочуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите. Притоа посочуваат кој ќе биде кандат за која општина. 

Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска - дипломирана на Факултетот за безбедност и генерален секретар на Левица. Нејзиното искуство, политичка активност и лична посветеност се гаранција дека ќе го брани јавниот интерес и ќе понуди вистински решенија за проблемите со кои се соочува Струга.

Во Општина Тетово, кандидат е д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а денес вработена на Државниот Универзитет во Тетово. Со своето академско знаење, долгогодишна професионална кариера и интегритет, таа ќе се залага за враќање на законитоста, правдата и вистинското владеење на правото во Тетово - нагласуваат од Левица. 

Потоа додаваат дека во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник е Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и информатички оператор со завршени студии по компјутерски науки и технологии. Тој претставува новата генерација професионалци, подготвени со современи пристапи и технолошки решенија да ги подобрат јавните услуги и транспарентноста на локалната самоуправа.

- Под силен притисок од коалициските договори со партијата ВЛЕН, ДПМНЕ донесе одлука да нема свои кандидати во овие општини. Ние ова го сметаме за невидено понижување и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата. Со тоа, уште еднаш станува јасно дека за големите партии, интересот на граѓаните е подреден на партиските пазари и етничите пазарења кои водат кон федерализација!

Левица е таа што се спротивставува на ваквите политики! Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, личности кои ќе управуваат со општините на темел на идеологија и програма, а не врз основа на етнотрибализам, клиентелизам и корупција.

Затоа, на овие избори повикуваме на мобилизација на сите граѓани кои сакаат промени и кои сакаат во нивните општини да владеат вистински вредности - нагласуваат од Левица на крајот на соопштението. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје