18 Декември, 2025
0.0452

МОЈСОСКА ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТУРАТА: Ќе се бори за градоначалничкото место во Струга

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 12:57

Добивај вести на Viber

Дојде време мојата маленкост да ја објави кандидатурата за градоначалник на Струга, како еден од најголемите предизвици во мојот живот, затоа што Струга е местото со кое сум емотивно поврзана, местото кое ми ги подари најдобрите спомени и местото кое ме изградило и растело низ животниот пат, наведува Јована Мојсоска, пратеничка и кандидат на Левица за градоначалник на Струга на фејсбук.

Почувствував дека сега е моментот да го прифатам овој предизвик, затоа што стружани се уморни иднината на градот да се креира надвор од Струга и нашиот град постојано да биде паричка за поткусурување на „големите играчи“. Почувствував дека сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“ и дека борбата не смее однапред да биде предадена.

За жал, Струга е заборавена и целосно игнорирана од секоја власт, полека исчезнува нејзиниот лик и сјај пред налетот на корумпираните шерифи - додека градот служи само за поделба на изборните „победи“ од владејачкиот колач. Градот на Охридското Езеро, кој има реноме во светската поезија, кој создал бројни историски херои, писатели, уметници - сега е препознатлив по уништеното крајбрежје, дивите депонии и хаосот од дивоградби кои демнат на секој чекор.

На овие избори нема да ветувам „брда и долини“, но можам да го ветам она што претходно Левица го покажа - а тоа е бескомпромисна БОРБА, борба водена од принципи и идеи, а не борба за тендери и привилегии. Сигурно ние не сме најдобрите, но покажавме дека имаме волја и срце да се бориме за она во кое веруваме дека е од најдобар интерес за мнозинството, а не за интересите на локалните шерифи.

Верувам и знам дека Струга може повеќе, Струга умее повеќе, Струга заслужува повеќе.
Нека овие избори бидат пресвртница на која ќе се покаже дека ГРАДОТ Е НАШ - А НЕ НИВНИ!“, напиша таа.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје