Моќна порака од Тим 40 и жените бизнис лидери до Азески: Продолжете со вашата битка за одговорност на сите нивоа, не констатации туку конкретни предлози
Објавено во: Економија 05 Мај, 2023
Тим 40 (Асоцијација на млади претприемачи) бараат нов вокабулар, заедништво на бизнисот и ги повикуваат медиумите да ја поддржат битката на бизнисот за создавање нови вредности, својствени на ЕУ кон која се стремиме
Наместо општи формулации Асоцијацијата на млади претприемачи-Тим 40 и жените лидери во Стопанската комора промовираа нов вокабулар кој може да се сведе на неколку работи:
·Одговорност за секого. Од поединецот, преку семејството, компаниите и најважно, одговорност конечно од државата;
·Не констатации туку предлози. Наместо генерализирање на барањата, конкретни и јасни предлог-решенија до Владата;
·Засилена регионална соработка на стратешки основи;
Новиот вокабулар ќе продолжи да се употребува понатаму од Комората бидејќи Тим 40, жените лидери и раководството се согласни дека причината за егзодусот на младите и перспективните поединци не е само економска, туку системска.
По обраќањето на претседателот на Комората Бранко Азески, претседателот на Тим 40 Жарко Димитриоски, генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Татјана Штерјовска Душковска и потпретседателот на Комората Зоран Јовановски, во отворена дискусија консензулано се заклучи дека улогата на приватниот сектор во оваа насока ќе лежи во негова промена во начинот на однесување, до состојба во која компаниите обединети ќе се борат за својот стекнат капитал. За тоа е потребно да се утврдат правила на игра, а Комората целосно ќе застане зад нив заради обезбедување строго почитување на истите.
На консултативната средба беше нагласена потребата од дефинирање на јасна цел во кој правец ќе оди земјата, при тоа нагласувајќи дека политичките елити имаат обврска економијата да ја стават како приоритет.
Се потенцираше дека во овој момент е важно постоење на повисоки вредности и дека промените е потребно да се усвојат и прифатат од секого, за секој да почне да работи на нив најпрво во сопствениот двор, а потоа во партнерски формат за општествени промени заедно со останатите од сета бизнис заедница и Комората како еден тим.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.