18 Декември, 2025
0.0856

Моќниот Ремдесивир може да направи поголема штета од самата болест: Професор д-р. Ангеловска за несаканите дејства на лекот

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2020 07:41

Добивај вести на Viber

Ремдесивир е моќен антивиротик од поновата генерација на антивирусни лекови, кој се употребува за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, а за кој Владата вчера информираше дека Македонија ќе добие 500.000 дози преку Европската Унија, односно веќе е потпишан договорот со фармацевтската компанија „Gilead“ за да се набави лекот „Veklury“, чие генеричко име е  „Ремдесивир“. Доколку има потреба, Македонија ќе има можност да набави и дополнителни дози од овој лек.

За дејството и контраиндикациите на овој антивирусен медикамент, Фактор поразговара со претседателката на Фармацевстката комора на Македонија, проф. д-р. Бистра Ангеловска, која вели дека моќните антивиротици, како што е Ремдесивир никогаш нема да бидат пуштени во слободна продажба во аптеките, напротив тие се даваат под строга контрола на лекарите кои третираат пациенти заболени од корона вирусот исклучиво во болнички установи.

-Станува збор за специфичен лек, кој не се дава дури и на сите хоспитализирани пациенти. Неговата употреба е строго индицирана од целосната состојба во која се наоѓаат пациентите заболени од корона вирусот. Тој навистина дава позитивни резултати, но според последните студии кој јас ги разгледував, не секогаш и не кај сите има добро дејство. Напротив, овој моќен антивирусен лек знае да направи и поголема штета од самата болест. Затоа, лекарите специјалисти пред да го вклучат во третманот на хоспитализираните пациенти, пред се ја проценуваат моменталната состојба на пациентот, евентуално негови други здравствени состојби, коморбидитетит и го даваат во точно одреден степен на болеста. Навистина треба многу да се внимава кога станува збор за вакви моќни антивирусни лекови, и тоа не само случај со Ремдесивир, туку и со останатите антивиротици, вели за Фактор, проф. д-р. Ангеловска.

Таа појаснува дека специјалистите секогаш пред да вклучат терапија со Ремдесивир прават целосна проценка колкава ќе биде користа од лекот, наспроти штетата што може да ја напрви.

-Лекот може да даде крајно несакани, па дури и фатални последици ако не се даде во вистинското време и во согласност со целосната состојбата на пациентите. Практично прави штета на целиот организам, додава проф. д-р. Ангеловска.

Истовремено, таа нагласува дека ваквите лекови граѓаните никогаш нема да може на своја рака да си ги купуваат. Тоа не е парацетамол или капки за нос, вели проф. д-р. Ангеловска, кои се земаат кога станува збор за лесна настинка со препознатливи симптоми за самите луѓе.

-Дури и во такви случаи, ние лекарите секогаш велиме дека ако за три дена не престане носот да тече, или температурата не се симнува дури и по редовно земање на парацетамол, задолжително треба да се посети лекар. Земањето лекарства е многу сериозна работа, а не пак кога станува збор за медикаменти како што е Ремдесивир, истакнува проф. д-р. Ангеловска.

Моќниот антивиротик се дава венски со инфузија и се дава исклучиво во болнички услови. Пред да се одлучи да се даде лекот на одреден пациент, но и по давањето, доктор внимателно треба да ги следи црниот дроб и бубрезите. Тоа е антивирална терапија која делува директно на делбата на вирусот, за разлика од другите лекови како антибиотиците или дексаметазонот, кои не дејствуваат директно на вирусот.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми