Молк по објавата дека е постигнат договор со Грција!
Објавено во: Анализа 06 Март, 2018 08:43
Катимерини и не е некој голем фактор за Владата веднаш да скокне и да го изрази својот став, но е невообичаено тивко кога е во прашање проширувањето на вчерашната вест пренесена од голем број и на македонски медиуми дека договор меѓу Македонија и Грција е постигнат и наскоро ќе има конкретно решение на деценискиот спор.
Ниту вчера ниту денес од Владата на Република Македонија не чувме ништо официјално, ниту пак некаков вид на реакција со кој или целосно би ги побиле овие тврдења на грчкиот весник или барем би дале некаква насока околу тоа до каде се сега преговорите со Грција.
Секако, тоа е нивно дискреционо право да одлучуваат што ќе споделат со јавноста, а што не за преговорите да бидат успешни и да не се откријат сите тактики и планови бидејќи ситуацијата е премногу деликатни, а грците вобичаено со нивната дипломатија и медиумската спрега се „опасни“ играчи кои никогаш не знаете што точно може да пласираат.
Катимерини додуша е еден од полибералните медиуми во Грција кој се обидува спорот за името да го претстави на рационален начин како и да го амортизира влијанието на десничарските и националистичките групација за кои смета дека се далеку поголема закана за нивната земја отколку евентуалниот компромис со „Поранешната Југословенска Република Македонија“ како што сега не нарекуваат.
Од македонска страна пак, нема ниту неофицијални информации што точно се преговара сега и што досега е договорено со владата на Ципрас, па ќе се чека на официјалната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кон крјаот на март кој тогаш би го доставил нацрт-предлог договорот за решение на спорот за името.
Со оглед на бројните јавни изјави на грчкиот политички врв и останатите функционери од опозициските партии се повеќе се гледа нивна неподготвеност да направат компромис и триумфално целиот товар го фрлија врз македонската влада обвинувајќи за иредентизам и барајќи промена на Уставот, ерга омнес решение, како и дефинирање на јазикот и нацијата на државата без никакви помисли за заштита на македонско малцинство надвор од македонските граници.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





