Момче и девојка тргнале на одмор, но завршија под мостот кој се урна во Џенова
Објавено во: Свет 16 Август, 2018
Меѓу загинатите при уривањето на мостот во Џенова, Италија е и 32-годишниот анестезиолог од градот Пиза, Алберто Фанфани кој на пат тргнал со девојката, 29-годишната Марта Даниси од Сицилија. Даниси била медицинска сестра, а нејзината смрт ги шокирала жителите на родниот град Сант’Агата ди Милитело. Се верува дека двојката тргнала кон градот Александрија каде Даниси од неодамна е префрлена на ново работно место. Тие одамна сонувале за овој одмор и го планирале до детали, но настрадаа во несреќата.
Идентификацијата на жртвите почнала веднаш со помош на накитот кој е пронајден на нив, пирсинг и предмети најдени со телата. Сите најдени детали се споредени со списокот на исчезнати лица, а членовите на семејствата на оваа трагедија, по идентификацијата, се известуваат за тажниот исход.
Сите најдени тела се префрлени во привремени капели близу урнатиот мост, а само неколку метри понатаму, десетина луѓе ја чекаа веста за своите роднини или пријатели.
Некои од нив, после вестите за уривање на мостот побрзале во најблиската болница, а голем број на корисници на социјалните мрежи го објавиле исчезнувањето на своите пријатели и познаници по пат на Фејсбук и Твитер.