ШВАЈЦАРИЈА ДОМАЌИН, ГОСТИ ПУТИН И ТРАМП: Земјата е подготвена да биде домаќин на средбата на двајцата лидери
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2025
Швајцарија објави подготвеност да организира разговори меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина. Министерството за надворешни работи на земјата го чека барањето на страните за обезбедување платформа за дијалог, објави Ле Темпс.
Повикувајќи се на швајцарското Министерство за надворешни работи, беше истакнато дека швајцарската страна нема самоиницијативно да ја покрене постапката, туку е подготвена да обезбеди платформа за дијалог доколку тоа биде побарано. Претставниците на земјата потсетија дека Швајцарија постојано ја потврдила својата подготвеност да ги промовира мировните процеси меѓу страните во конфликтот.
Швајцарија се смета за една од потенцијалните локации за такви разговори, но конечната одлука зависи од договорот меѓу САД и Русија.
Инаку, Трамп веќе изрази интерес за одржување на ваква средба, а руската страна изјави дека е отворена за контакти. Исто така, првиот „мировен самит“ за Украина се одржа во Швајцарија во летото 2024 година. Русија не беше поканета, иако Москва изјави дека нема да учествува дури и да добие покана.
фото: EPA