СЀ ЌЕ ЗАСТАНЕ 24 ЧАСА ВО БЕЛГИЈА, АВИОНИТЕ НЕМА ДА ЛЕТААТ, ВОЗОВИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ НА ПЕРОНИТЕ, НЕМА ДА СЕ СОБИРА НИТУ ЃУБРЕТО: Генерален штрајк, еве ја причината
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2025
Од вечерва до утре вечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците во Белгија поради плановите за реформа на пензискиот систем, објавија белгиските медиуми.
Генералниот штрајк го свикаа синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, националната затворска служба и други сектори, поради пензиските реформи кои најверојатно ќе ги спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Брисел тајмс“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.