ЕКСПЛОЗИЈА ВО РЕСТОРАН УСМРТИ ШЕСТ ЛУЃЕ, УШТЕ ОСУММИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Голема трагедија во Чешка
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2025
Шест лица загинаа синоќа во експлозија и пожар во ресторан во чешкиот град Мост. Осум лица се повредени и пренесени во болница. Според првичните информации, причина за пожарот е експлозија на боца со пропан гас, која настанала по пад на греалка на гас.
Пожарникарите рекоа дека експлозијата најверојатно била предизвикана од превртена греалка која го предизвикала пожарот.
„Боцата со пропан-бутан експлодираше во ресторанот „Којот“ во Мост“, соопшти пожарникарската служба во објавата на платформата „Икс“.6 KILLED IN CZECH RESTAURANT EXPLOSION
— Cata Paul (@CataPaul2) January 12, 2025
A propane-butane cylinder explosion tore through a restaurant in Most, Czech Republic, killing 6 and injuring 8 people.
The blast sparked a fire, forcing the evacuation of 30 people from the restaurant and nearby buildings.
Witnesses… pic.twitter.com/UrqWBsyJJF
„Дванаесет противпожарни единици биле на терен, а повредените се итно пренесени во болниците во Прага.
фото: Х