Момче под закана со нож ограбено на автобуската на „Рекорд“
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
19 годишно момче е ограбено на автобуската постојка на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје откако тројца разбојници му се заканиле со нож. Инцидентот се случил вчера околу 22 часот додека момчето чекало автобус.
Како што соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи, едно од групата лица прво го прашало момчето колку пари има, а откако од страв тој им ги дал сите 1.200 денари што ги носел, му се заканиле со нож барајќи му го и часовникот. Но момчето се спротивставило, по што напаѓаќите избегале од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.