МОМЧЕТО НА ЗАГИНАТАТА ДЕВОЈКА БИЛО ВО ШОК: По сите направени прегледи е пуштено на домашно лекување, д-р Арсенков за Фактор
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2022 11:11
Момчето на
загинатата Викторија. Н, 24-годишниот Л. Д. по тешката трагедија кај Сити Мол
бил однесен во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“ од каде
велат дека немал сериозни телесни повреди за кои е потребен болнички третман и
хоспитализација, па по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување. Информацијата
за Фактор ја потврди директорот на Старата градска болница, д-р Љубен Арсенков.
-По трагичната несреќа момчето е донесено тука. За среќа тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола, вели д-р Арсенков.
Истовремено, посочува дека момчето било во страшен шок, целата ситуација, страшната глетка се случувала пред негови очи.
-Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, заради што му е дадена терапија за смирување, вели д-р Арсенков.
Сообраќајната несреќа со фатални последици за младата Викторија Н. се случи вчера точно во 19.44 пред Трговскиот центар Сити Мол.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




