МОМЧЕТО ПОЧИНАЛО КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НЕКОНТРОЛИРАНО КРВАРЕЊЕ ОД МНОГУ ОРГАНИ: Директорката на Битолската болница Фактор со детали од обдукцијата
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2023 12:38
Причина за смртта
на 24-годишното момче во Клиничката болница Битола е десеминирана
интраваскуларна коагулација, покажуваат резултатите од обдукцијата. Во изјава
за Фактор, директорката, д-р Елизабета Ивановска појаснува дека момчето
практично искраварело од сите органи и системи.
-Кај нас е донесен во многу тешка состојба. Имал силна инфекција, ангина на крајниците, но не примал ништо цела недела. Само последните три дена бил лекуван со амоксиклав, лек препишан од страна на матичниот лекар. Но, ваквите силни инфекции пропратени со високи температури прават невидена штета на организмот. Резултатите од обдукцијата покажуваат дека причината за смртта е десиминирана интраваскуларна коагулација. Во ваков случај, многу брзо се трошат факторите за згрутчување на крвта, што доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот. Смртноста од тешчите инфекции кои доведуваат до десиминирана интраваскуларна коагулациа е 96 проценти, вели директорката Ивановска.
Инаку, момчето вчера изутрина во 8 часот било примено во Клиничката болница Битола во многу лоша здравствена состојба. Во 12 часот било префрлено на Одделението за интензивна нега. Директорката Ивановска посочува дека од час во час лабораториските анализи се влошувале.
-Кај него беше детектиран целосен дисбаланс во организмот. Комплетно беше третиран со направени анализи на компјутер, глава, абдомен, торакс, повикани конзилијарно лекари од други одделенија на болницата. Го прегледаа доктори од Неврологија, Инфектологија, ОРЛ, Хирургија, Очно и други одделенија, но за жал по 10 часа од приемот, односно неколку минути по 18 часо, момчето почина, изјави директорката д-р Ивановска за Фактор.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




