20 Мај, 2024
0.0296

МОН го демантира Милошоски: Законот за дигитални учебници не е повлечен поради реакциите на јавноста

Објавено во: Македонија 27 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за образование го демантира пратеникот Антонијо Милошоски дека Предлог-законот за учебници и и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој предизвика поделени мислења во јавноста, е повлечен од собраниската процедура поради негативни реакции во јавноста.

„Груба манипулација со граѓаните и родителите е информацијата пласирана од пратеник од опозицијата дека под притисок на јавноста го повлекуваме новиот закон за учебници од собраниска процедура. Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста, по координација со Секретаријатот за европски прашања, предлог законот е вратен за да се дополни, само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред Влада, по што ќе биде доставен до Собрание“, демантираат од МОН.

Наспроти демантот на министерството, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ претпладнето објави дека предлог-законот е повлечен поради реакциите во јавноста.

„Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој закон предвидува ипотреба на дигитални учебници, наместо печатени, по што дел од јавноста реагираше со жестока критика.  Според министерството за образование, станува збор за реформа која од есен ќе стартува во прво и четврто одделение.


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат