МОН ја поздрави одлуката на СОНК да го стави штрајкот во мирување
Објавено во: Македонија 28 Април, 2022 19:12
Откако СОНК го стави штрајкот во мирување, Министерството за образование и наука (МОН) попладнево ја поздрави одлуката.
Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај.
Одлуката на СОНК, велат дека е во интерес на учениците и континуитетот на процесот на образование и со неа се обезбедува уставно загарантираното право на образование на децата.
Од МОН додаваат дека ќе бидат партнер на синдикалните организации и дека преку социјален дијалог ќе се унапредуваат работничките права. Во тој процес, велат од МОН, сме отворени за континуирана соработка и размена на мислења и ставови, чија цел ќе придонесе кон подобри работни услови и мотивирани просветни работници, што ќе влијае и на зголемување на квалитетот на образованието.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.
Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.Но, има и незадоволни членови на СОНК кои се собираат пред седиштето за да изразат револт.
Просветните работници бараа за 18 отсто повисоки плати, но им беше понудено покачување од 12 отсто, кое го одбија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




