17 Јануари, 2025
0.0286

МОН со реакција: Богоев собира дневно политички поени на грбот на студентите

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Денешната прес конференција на СДСМ е уште еден обид за политички популизам и собирање на дневно политички поени на грбот на студентите, кои токму во времето на владеење на оваа политичка партија, всушност беа социјално загрозена категорија, реагираат од МОН на прес конференцијата на Стефан Богоев, претседател на СДММ, кој презентираше мерка за платена работа за студенти во студентските кампуси.

- Би сакале да информираме дека Владата спроведува поширока стратегија со бројни активности и мерки за поддршка на студентскиот стандард и олеснување на студентскиот живот и делување. Имено, во изминатите неколку години студентите плаќаат унифицирана и петкратно пониска партиципација за студирање од износите кои ги плаќаа во периодот до 2006 година. На располагање имаат повеќе од 40 различни видови стипендии, за разлика од минатото кога се доделуваат само неколку видови кои се броеја на прсти. Добиваат бесплатен превоз во јавниот сообраќај и бројни попусти при посети на музеи, театри, културни и спортски манифестации. За најдобрите воведено е и наградно патување на атрактивни туристички дестинации.

Наместо “part time job“ проекти, во собраниска процедура е конкретна законска регулатива со која ќе им се даде можност на најдобрите студенти на петте најдобро рангирани универзитети доколку имаат желба, да се вработат во јавниот сектор, а во меѓувреме, во интерес на студентите и обезбедување на соодветен работен ангажман, континуирано се поддржува и поврзувањето на високо образовните установи со бизнис заедницата во земјата, велат од МОН.


Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете