Монтебур: Еврото е прескапо!
Објавено во: Свет
14 Јуни, 2013
Добивај вести на Viber
Еврото е прескапо. Тоа е мислење на францускиот министер за индустриски развој Арно Монтебур, кој во исто време упатува остра критика против Европската Централна банка.
- Европа треба да направи како Јапонија. Како што сега стојат нештата, еврото е преценето и се заканува на економскиот раст во Европа. Централната банка е премногу пасивна, вели Монтебур во интервју за Шведското радио.
Францускиот министер смета дека државата треба да ја управува економијата и вели дека еврото треба да соодвествува на доларот, токму како што беше од почетокот.
Решение за намалување на девизниот курс, според Монтебур, е да се отпечатат и пуштат во оптек повеќе евро-банкноти во Европа.
Притоа, тој ги отфрла контрааргументите за закана од пораст на инфлацијата.
- Да, од едноставна причина дека не постои некаков притисок во економиите денес, вели министерот Арно Монтебур.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.