Добивај вести на Viber
Cите странски државјани ќе бидат отпуштени од работа, како мерка за намалување на трошоците на компанијата, соопштија од управата на црногорскиот национален авиопревозник, Монтенегро Ерлајнс.
- Мора да ги намалиме трошоците бидејќи само за станови и останати трошоци на странски работници годишно досега се издвојувале по околу 400.000 вера - изјави претседателката на Одборот на директори, Далиборка Пејовиќ.
Според неа, од компанијата се отпуштени работници од Србија кои покрај останатите биле задолжени за авиомеханика, електронски системи.