Морозов: Русија мора да почне да прави воен сојуз со Кина и Индија поради заканата на НАТО
Објавено во: Свет 03 Септември, 2014 18:48
Игор Морозов, член на Советот на федерации за меѓународни односи, изјави дека Русија би требало да основа нов воен сојуз кој би бил опозицја на НАТО.
„Русија е лидер за безбедност на поранешниот советски простор и сфаќа дека САД и НАТО ќе продолжат со новиѕе закани“, наведува Морозов.
Русија мора да почне да прави воен сојуз поради заканата на НАТО, во кој ќе бидат Кина, Индија и други партнери БРИКС, додава членот на Советот на федерации.
„Мора да почнеме да работиме на создавање нов воен сојуз кој ќе биде опозиција на НАТО, да ја привлечеме Кина и Индија и да преговараме со партнерите од БРИКС. Ги разгледуваме партнерите од Латинска Америка, Куба, Аргентина и сите оние кои се плашат од американската експанзија на глобален план“, изјавил Морозов за РИА Новости.
Покрај тоа, Морозов се залага за создавање на нов систем на руската противодбрана, која ефикасно ќе ја штити територијата во рамки на границите со Русија, но и границите на нивните партнери од ЦСТО.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




