16 Мај, 2024
0.0285

Москва: 143 убиени досега, 28 трупови пронајдени во тоалетите

Објавено во: Свет 23 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Бројот на загинати во крвавиот терористички напад на концертно место во близина на Москва сега изнесува 143. Во исто време, руските власти уапсија вкупно 11 лица, од кои четворица се директно инволвирани во масакрот.

Се потсетува дека одговорноста за нападот, кој беше најсмртоносниот во Русија во последните 20 години, ја презеде терористичката организација „Исламска држава“. Сепак, Русија вели дека истражува поврзаност со Украина, и покрај тоа што Киев негираше каква било вмешаност во вчерашните настани.

Безбедносната служба ФСБ објави дека „сите четворица терористи“ се уапсени додека се движеле кон украинската граница и дека имале контакти во Украина. Известија дека тие се префрлени во Москва.

„Сега знаеме во која земја овие крволочни копилиња планирале да се сокријат од потрагата, Украина“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на Телеграм.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека некои од жртвите починале од рани од куршуми, а други во голем пожар што избувнал во комплексот. Има информации дека вооружените напаѓачи го подметнале пожарот користејќи масло од канистри што ги носеле во ранците.

Луѓето почнаа да трчаат во паника. База, весник со контакти во руските безбедносни и полициски служби, објави дека 28 тела биле пронајдени во тоалет и 14 по скалите. 

Кремљ соопшти дека шефот на ФСБ Александар Бортников му рекол на претседателот Путин дека „четворица терористи“ се меѓу уапсените и дека неговата агенција работи на идентификување на нивните соучесници.

Од своја страна, рускиот пратеник Александар Кинштајн изјави дека напаѓачите избегале со возило „Рено“, кое синоќа било забележано од полицијата во областа Брјанск, околу 340 километри југозападно од Москва, при што возачите не ги почитувале упатствата да застанат.

Според Кинштајн, во возилото биле пронајдени револвер, магацин за огнено оружје и пасоши од Таџикистан.


Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?