16 Декември, 2025
0.0310

Москва е подготвена да и понуди финансиска помош на Атина

Објавено во: Балкан 07 Април, 2015 19:42

Добивај вести на Viber

Подготвеноста на Русија да и понуди финансиска поддршка на Грција зависи од тоа што ќе побара премиерот Алексис Ципрас, за време на посетата на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Економската ситуација на Атина се очекува да биде меѓу темите на средбата меѓу Ципрас и неговиот руски колега Владимир Путин.

Грчкиот гостин требаше да пристигне во Москва доцна синоќа и во наредните денови да се сретне со Путин, премиерот Дмитриј Медведев, претседателот на парламентот Сергеј Наришкин и рускиот патријарх Кирил.

Европските дипломати се плашат од можноста Москва да ја снабди Атина со спасувачки заеми во замена за грчко вето на санкциите против Кремљ од ЕУ, пишува „Фајненшл тајмс“. Овој развој сепак е малку веројатен, коментира весникот.

„Русите нема да ризикуваат сериозна сума пари за можноста Грција уште еднаш да не може да ги отплати долговите“, коментира весникот „банкар“ од Атина. Грција се надева дека Русија ќе ја укине забраната за увоз на грчкото овошје во земјата, за да демонстрираат блиски односи со новата власт во позадина на кризата во Украина и преговорите на Ципрас со меѓународните кредитори на Грција.

Москва може да понуди на Атина кредити и попуст од цената на гасните испораки за време на средбата помеѓу Алексис Ципрас и Владимир Путин, тврдат извори од грчкиот кабинет пред во „Комерсантот“. Против евентуалниот попуст Грција нуди учество на руски компании во тендерите за студии на наоѓалишта на нафта и гас во полица на Јонското Море.

Минатата недела во Москва беше и министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис, кој веќе побара попуст за цената до 2016 година.

Вчера премиерот на Грција побара промена на Даблинскиот договор, според кој земјите од ЕУ и илегалните имигранти ќе се враќаат на територијата на земјата од која влегле во Европа. Ципрас го покрена прашањето за време на состанокот со комесарот за имиграцијата Димитрис Аврамополус.

„Неопходна е двојна солидарност - од една страна со луѓето кои бараат спас од војните, а од друга страна и со земјите кои се влезени во Европската унија и меѓу кои е и Грција“, изјавил по средбата Алексис Ципрас.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството