Москва го добила мировниот план на САД, Путин си го кажа ставот
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2025 19:44
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина.
Путин рече дека американскиот план може да послужи како основа за мирно решавање на конфликтот во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната.
Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави(САД) и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација поставила рок до следниот четврток за Украина да се согласи со планот од 28 точки на Белата куќа за прекин на војната со Русија, објави Си-Ен-Ен.
Војната почна на 24 февруари во 2022 година.
foto Kremlin
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




