19 Декември, 2025
0.0387

Москва: Грција направи чекор кон излегување од еврозоната

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 10:42

Добивај вести на Viber

Грција направи чекор кон излегување од еврозоната. Ова го објави заменик-министерот за економски развој на Русија Алексеј Лихачов, цитиран од агенциите.

Отфрлањето на строгите економски мерки, за што се изјаснија граѓаните на референдумот, не значи автоматски излез на Грција од еврозоната, истакнал сепак Лихачов.

„Покрај тоа, очигледно е дека денеска преговорите меѓу грчките власти и кредиторите ќе бидат поактивни. Но не може да не се сфати дека неделното „Не“ е чекор кон излез од еврозоната“, додал заменик-министерот.

Според него, евентуалното одбивање на Грција од еврото ќе биде шок терапија за ЕУ, но во среднорочна перспектива ќе ја поправи еврозоната. Лихачов потсети дека од 2008 година грчката економија покажа „неможност да постои во еврозоната од објективни причини“.

„Така е конструирана грчката економија, така е конструирана власта во Грција, тие се покажаа неподготвени да постојат во овие строги закони на еврозоната, на кои им се наложи да работат“, посочил тој.

Тој истакнал дека предложените од ЕУ мерки не би можеле да ги решат економските проблеми на Грција, туку само би го одложиле нивно решавање во неодредена перспектива. Лихачов исто така, изразил мислење дека во случај на излегување од еврозоната, при зачувување на политичката стабилност, Грција во перспектива може да стане привлечна за странските инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен