„Мост“ регистрираше нерегуларности, тврдат дека имаат докази
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 16:24
Граѓанската асоцијација „Мост“, за периодот од 15 октомври до 20 ноември забележала непочитување на одвојувањето на државата и на партијата, притисоци врз јавниот сектор, притисоци за гласање и злоупотреба на јавни ресурси.
Оттаму велат дека обезбедиле докази за десет случаи за нерегуларности од изборниот процес, од јавно достапни информации и од набљудувачи. Од „Мост“ додаваат дека има индиции за кривични дела и дека доказите ќе ги достават до Комисијата за следење на изборни нерегуларности. За ова е предвидена казна затвор во траење од шест месеци до една година.
„Има 41 случај на притисоци врз вработените во јавниот сектор да посетуваат партиски митинзи на владејачката партија. Во седум случаи во пет општини има притисоци за гласање или обезбедување гласачи за владејачката партија, а во седум случаи во шест општини забележавме употреба на службени возила за партиски цели“ – вели директорот на „Мост“, Дарко Алексов.
„Мост“ на терен има 80 долгорочни набљудувачи, а досега добиле 2.025 извештаи.
Апелираат до граѓаните да ги пријават сите нерегуларности на бесплатниот телефонски број 080 080 080 или лично во просториите на „Мост“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




