12 Септември, 2024
0.0812

МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија

Објавено во: Свет 11 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Голем дел од мостот „Карола“ на реката Елба во Дрезден, кој го поврзува стариот град со другите делови, во текот на ноќта се урнал во реката, соопшти противпожарната служба.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се урнале околу стотина метри од мостот, а поради оштетување на цевките е прекинато снабдувањето со топлинска енергија во градот.

- Засега нема информации за повредени. Тоа значи дека на мостот во моментот на уривањето немало возила - изјави портпаролот.

Пожарникарите од утрово се на терен и се обидуваат да го обезбедат мостот, кој може да претрпи дополнителна штета. Граѓаните пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Мостот „Карола“ е изграден во 1971 година и е еден од вкупно четирите моста на Елба во Дрезден.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

„Некои земји од ЕУ ги преувеличуваат трошоците за климатската транзиција“: Европскиот суд на ревизори со сериозна забелешка

ДЕБАТА: КОЈ ПОБЕДИ, А КОЈ ДОЖИВЕА ПОРАЗ? Еве што велат аналитичарите

ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ШЕНГЕН? Потегот на Германија го урна идеалот за слободно движење, земјите од ЕУ се бесни

ЕВЕ ШТО ЈА ЧЕКА ЕВРОПА: „Се формира облак од олујни ќелии, кој апсорбира вода“, пишува Јутарњи

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

МИЛИОНИ ГО ИСМЕВААТ ТРАМП - најбизарниот момент од дебатата предизвика хаос на интернет

Истражување: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести, а проповедаат за правата на друго место