ДЕЛ ОД ТУРСКИТЕ СТУДЕНТИ КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ШТИП: Останатите бараат средени живеалишта под кирија
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024 10:37
Дел од турските студенти кои се образуваат во Штип купиле станови во кои ќе престојуваат, а другите бараат станови и куќи под кирија кои се добро уредени.
На почетокот на месецов во јавноста се појави информација дека 10 отсто од становите во Штип ги купиле странски државјани, а меѓу нив има и Турци. Во други медиумски извештаи е наведено дека во последниве две години странците покажале поголем интерес за купување на станови во градот под Исарот.
„Имам слушнато, ама не сум имал клиенти од Турција. Мислам дека тие купувачи не се причина за раст на цените, туку тоа е општ тренд. Имотни луѓе има секаде, кои имаат планови, знаат дека на недвижност нема да изгубат и по 5 или 10 години. Може да го продаде станот кога ќе сака и да ги извади парите“, велат од агенција за недвижен имот во Штип.
Од друга агенција за недвижен имот во Штип објаснуваат дека становите ги купуваат луѓе од повеќе македонски градови. Штип за нив е атрактивен за поседување на недвижност.
„Можеби некој од турските студенти има купено стан, ама тоа не е толку застапено. Тоа се поединечни случаеви. Повеќето се сместени под кирија. Јас лично не сум имала клиент од Турција што купил имот, туку изнајмуваат. Бараат подобро да е наместено. Тие готват, цело време се тука и сакаат сè да имаат на располагање за живот. Бараат посебни услови за разлика од нашите студенти. Можат повеќе да си дозволат финансиски. Станови купуваат и луѓе од други градови, па дури и скопјани. Нашите кирии се приближно како скопските, а становите се поевтини од тие во Скопје. Има купувачи од кочанските села, од Виница, тој дел од истокот, струмичани не купуваат, не знам зошто. Зачестеното купување станови е поради тоа што Штип е универзитетски град, а има луѓе што сакаат да инвестираат“, велат од агенцијата за недвижен имот Флорида импекс од Штип.
Цените за квадрат се движат по 1.100, 1.200 до 1.300 евра. За големите станови интересот е помал, а купувачите најчесто бараат помали станови. Податоците на даночното одделение покажале дека во 2022 и 2023 година во Штип се продадени 650 станови. Во групите на социјалните мрежи каде се разменуваат информации за изнајмување на сместување, турските студенти нагласуваат дека бараат нови, луксузни станови и пишуваат колкава кирија се спремни да платат.
Сања Атанасовскаfoto Wikipedia/Germanikos
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




