ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

Објавено во: Свет 11 Септември, 2024 19:23
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека има „план за победа“ да му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден подоцна овој месец. Планот, вели тој, ќе ја принуди Русија дипломатски да ја заврши војната. Зеленски додаде дека планот ќе дејствува за зајакнување на Киев и ќе има „психолошко“ влијание врз Москва, но не даде дополнителни детали.
„Доколку партнерите го поддржат планот, на Украина ќе ѝ биде полесно да ја принуди Русија да ја прекине војната. За што е овој план? Тоа е сериозно зајакнување на Украина и, според мене, ќе има и психолошко и политичко влијание врз одлуката на Русија да стави крај на оваа војна“, рече Зеленски.
Зеленски ги повика Обединетото Кралство и САД да донесат „силни одлуки“, мислејќи на дозволата за употреба на оружје со долг дострел длабоко во Русија.
Русија пак тврди дека вратила контрола на 10 села во Курск, регион каде украинските сили упаднаа на 6 август. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.Можеби ќе ве интересира
АМЕРИКА ГО НАПАДНА ИРАН! Погодени најголемите нуклеарни објекти - „Сега е време за мир“, порача Трамп

ДАЛИ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА НА РЕЖИМОТ НА ИРАН? Нема да капитулира и ќе продолжи да се брани

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша
