ПЕТРОВСКА ГО ОСУДИ АПСЕЊЕТО НА ЛУЃЕТО ВО ГОСТИВАРСКО: Праша каде е Дафина Стојаноска која тврдеше дека никој не може да го тормози македонскиот народ
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2024 20:18
Пратеничката oд СДСМ, Славјанка Петровска јавно реагираше преку социјалните мрежи на полициската акција во Гостивар, при која беа приведени граѓани кои учествувале во реставрацијата на црквата Св. Петка во селото Галате.
Во својата Фејсбук објава, таа ги осуди властите за оваа постапка, поставувајќи прашања за приоритетите на полициските акции.
„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на село Галате, гостиварско. Прво лажеа дека обвинителството наредило апсење, па откако ЈО демантираше, граѓаните се обвинети за узурпација на земјиште! Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!!! Дафина Стојаноска ја видел некој? Затоа што пред изборите поприлично грлато врескаше дека никој не може да го тормози македонскит народ! Ама не и било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било“, пишува Петровска.

Две лица се приведени попладнево во просториите на Општина Врапчиште.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




