20 Мај, 2024
0.0610

„Мотоцентар“ #LeadingtheWay со ексклузивно партнерство со Davanti Tyres

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Британската фирма за гуми, која од 1994 година изгради сеопфатна мрежа на бренд за гуми, центри за автосервис и независни партнерски трговци на мало во целата држава, потпиша ексклузивен договор за дистрибуција со „Мотоцентар“. Како имател на ексклузивни права за снабдување на „Даванти“ како дистрибутер, „Мотоцентар“, исто така, ќе нуди сервис за возачите директно преку неговите специјализирани салони за гуми во Скопје, Прилеп, Штип, Куманово и Битола.

„Мотоцентар“ ќе ја снабдува целата палета на гуми на Davanti Tyres, од целосно нови, гуми за секаков терен Terratoura, специјални зимски гуми за автомобили Wintoura, гуми со ултра високи перформанси DX640, SUV специјални DX740, гуми за лимузини DX390, за мали патнички автомобили DX240 и за лесно комерцијално комбе и пневматици DX440.


Горан Гроздоски, генерален директор на „Мотоцентар“, рече дека партнерството не само што ќе воведе свеж, возбудлив, нов бренд во Македонија, туку и ќе ја подобри безбедноста на возачите и пешаците, благодарение на комбинацијата на „Даванти“ од напредно техничко истражување и развој и исклучително вреднување на парите.

- Потрошивме многу време разгледувајќи ја палетата на гуми на „Даванти“, нивниот режим на тестирање, нивната долготрајна издржливост и сме воодушевени - рече Горан.


„Мотоцентар“, повеќе од две децении е лидер во снабдувањето со и монтирањето гуми во Македонија и посветено работи да биде лидер во целата област и да постави високи стандарди во нивните салони, кај партнерите од мрежата и кај добавувачите.

- Сè што видовме и искусивме со „Даванти“ ни покажува дека палетата на гуми нуди многу напредни нивоа на перформанси, управување и кочење во секакви услови.  Но, начинот на кој се развиени значи дека тие не се со претерано висока цена. Водечките перформанси на пазарот сега им се достапни на возачите во Македонија што се постојано на пат – објасни Гроздоски.

„Многу сме возбудени за ова партнерство“, рече генералниот директор на „Даванти“, Питер Крос. „Мотоцентар“ има импресивна дистрибутивна мрежа и ги споделува нашите вредности за нудење производ со висок квалитет, кој се одликува со високи перформанси, токму кога потрошувачите имаат потреба од нив.“


„На пазар каде се менуваат повеќе од 300.000 гуми годишно, сега имаме можност на македонските потрошувачи да им дадеме избор кој нуди безбедност, квалитет, перформанс и пристапна цена“, нагласи Крос.

„Партнерството на „Даванти“ со „Мотоцентар“ е возбудливо, бидејќи брендот е совршено соодветен за домашниот пазар во Македонија“, рече регионалниот директор за продажба на „Даванти“, Данијел Томашиќ.

„Нашата палета на производи е динамична и променлива, но нашата фокусираност на врвен дизајн и врвни производствени техники значи дека сме ефикасни и брзи.“ „Даванти“ може да се приспособи и да иновира без да ги пренесе премиум трошоците на трговците или потрошувачите. Со други зборови, гумите што ги произведуваме и добавуваме даваат одличен перформанс што возачите што постојано се на пат може да си го дозволат.“


Сите гуми се дизајнирани во Обединетото Кралство

Со седиште во Северна Англија, „Даванти“ започна да работи кога најголемиот трговец на големо на Северозапад увиде можност да создаде идеална гума, дизајнирана конкретно за пазарот на гуми од средна категорија.

По три години развој, во 2015 година, во „Аутопромотек“ (Autopromotec), Болоња, беа лансирани DX390 и DX640 на „Даванти“. Оттогаш, брендот остави силен впечаток во Обединетото Кралство и на глобалниот пазар.

Сите гуми на „Даванти“ се дизајнирани во Обединетото Кралство, од страна на искусни експерти од таа индустрија и се произведени во врвна постројка во согласност со постојните стандарди за Е-ознаки. Сите шарки и големини имаат одлични оцени според етикетирањето на ЕУ и независно се тестираат во IDIADA во однос на голем број критериуми со цел да се понуди премиум перформанс на клиентите од пазарот со средна категорија.

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи