20 Декември, 2025
0.0581

“Мотоцентар” го претстави новото партнерство со корејскиот производител на пневматици „Нексен“

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2023 13:37

Добивај вести на Viber

Денес, во просториите на “Мотоцентар Галерија“ (Motocentar Gallery) во трговскиот центар Ист Гејт, беше презентирано новото стратешко партнерство на “Мотоцентар“ со компанијата “Нексен Пневматици“ (Nexen Tire). Со овој деловен чекор, “Мотоцентар“ станува официјален дистрибутер за Северна Македонија на пневматиците на корејскиот производител “Нексен“. 

На денешната презентација, беше претставена компанијата “Нексен“, а присутните имаа можност да се запознаат со летната понуда “Нексен“ пневматици - модели со шара “N’FERA Sport“ и “N’FERA Sport SUV“. 

Моделите пневматици “N'FERA Sport” и “N’FERA Sport SUV“ на “Нексен“ се европски, премиум спортски гуми кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози. Со моделот “N'FERA Sport“, кој е дел од оригиналната опрема пневматици на новата верзија од втората генерација автомобили Порше Панамера (Porsche Panamera), уште еднаш се потврди високото ниво на соработка помеѓу овие светски компании.

“Водени од тоа, секогаш да овозможиме врвна понуда пневматици на нашите корисници, драго ми е што “Мотоцентар“ стана официјален дистрибутер на “Нексен“ пневматиците за Македонија. Со овој потег, ја потврдуваме нашата деловна стратегија за континуиран развој и следење, како на побарувањата на пазарот, така и на современите трендови во производство на пневматици, од аспект на безбедност и на комфорт.“, г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на “Мотоцентар“. 

“Нашата деловна филозофија на мобилност е фокусирана на луѓето. Со високо ниво на квалитет и доверба, креираме нови вредности создавајќи пневматици за нови модели на автомобили од врвните светски брендови на луксузни возила. Партнерството со “Мотоцентар“, како наш официјален дистрибутер за Македонија се надоврзува токму на оваа филозофија. Во светот на брзината, имаме за цел на нашите корисници да им овозможиме секојдневна поддршка и безбедност.“, г-дин Ивица Васиќ, Регионален Менаџер за Продажба на “Нексен“ за Балканот. 

За сите заинтересирани, летната понуда на “Нексен“ пневматици е достапна во рамки на продажната мрежа на “Мотоцентар“ ширум државата.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии