27 Април, 2024
0.0285

Можат ли централните банки да направат повеќе за економијата?

Објавено во: Економија, Анализа 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Централните банки демонстрираат желба да ги постигнат своите цели за раст и инфлацијата. Прашањето е дали можат да го постигнат тоа пишува Wall Street Journal во своја анализа.

Ова прашање станува актуелно, откако стана јасно дека централната банка на Јапонија сака не само да постигне 2% инфлација, ту и даку и да ја надмине таа цел. За таа цел институцијата планира да ги насочува не само краткорочните каматни стапки, но и каматите на долгорочните државни обврзници, наведува весникот.

Одлуката на „Bank of Japan“ ја потврди репутацијата на управителот Харухико Курода како експериментатор во областа на монетарната политика. Тоа го покренува и прашањето зошто пропаднаа неговите претходни иновации.

Паричните незгоди на Јапонија имаат значење за сите централни банки, бидејќи се повеќе земји во светот личат на азиската држава - бележат бавен раст и постојано ниска инфлација. Тоа ги отежнува економиите да толерираат камати над нулата.

Неколку часови по објавувањето на одлуката на јапонската централна банка Федералните резерви на САД ја оставија без промена каматата, макар и да стана јасно дека најверојатно каматните нивоа ќе се зголемат во декември. Иако растот на работните места во САД се одржливи, инфлацијата е доста под целта од 2% и очекувањата се таа да се задржи подолго на ниски нивоа.

Еврозоната се вози на истиот брод. Европската централна банка (ЕЦБ) сега поддржува негативни камати во обид да ја втурне инфлацијата нагоре. Растот на потрошувачките цени, сепак, дури и ако се исклучат нестабилните цени на храната и енергијата, останува под 1%.

Ситуацијата во Јапонија е не само таква, таа е уште полошо, пишува весникот. Економскиот раст на земјата е во просек 0,12% за 12 месеци до крајот на јуни, инфлацијата е негативна и - загрижувачката за сите јавни и пазарни очекувања за инфлацијата исто така се намалуваат. Инвеститорите во обврзници сега сметаат дека во наредните години растот на потрошувачките цени во земјата нема да со многу над нулата.

Малку по одлуката на централната банка на Јапонија јенот првично отстапи на девизните пазари, но го заврши денот со раст. Тоа се зема како знак за скептицизам дека новите активности на институцијата ќе успеат.

Економската состојба на Јапонија сепак не треба и да се преувеличува, нагласува весникот. Невработеноста во земјата е најниска повеќе од 20 години. Слабиот раст пак донекаде се објаснува и со намалувањето на работната сила и слабиот раст на продуктивноста.

Од истата причина разликите меѓу Јапонија и другите земји не се толку големи. Невработеноста во САД исто така е на исклучително ниско ниво, но економскиот раст е во застој со години, а инфлацијата и инфлациските очекувања остануваат слаби.

Силите кои стојат зад оваа комбинација имаат низок раст и низок раст на потрошувачките цени, ги надминуваат работите врз кои централни банки можат да влијаат. Еден од овие фактори е демографијата.

Постарото население стеснува основата на работната сила и на корисниците, што пак ги троши силите на капиталната експанзија. Со оглед на сето ова, што всушност може да направат централните банки? Одговорот веројатно е ништо или барем ништо повеќе од она што веќе го направиле.

Иако нивните политики се помалку ефикасни отколку што се надеваа, тие не се и толку неефикасни. Ако ништо друго не ја одврати светската економија, платите и инфлацијата би требало да продолжат да се обновуваат. Придобивките од дополнителното намалување на каматите на негативна територија може и да се неостварливи, но тоа не е причина да се пристапува кон зголемување на каматните нивоа, што може да предизвика деструктивен одлив на капитал од пазарите во развој.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност