Може да се почне со плитко орање во поплавените места
Може да се почне со плитко орање во поплавените подрачја во скопско.
Објавено во: Агробизнис 16 Септември, 2016 10:59
Од Здружението за земјоделска техника информираат дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје.
На вчерашниот состанок е констатирано дека се создадени услови за влегување на механизацијата во нивите, почнување со обработка и подготовка за новата реколта 2016-2017 година.
Се препорачува да се почне со плитко орање на површина на длабочина најмногу до 15 сантиметри, со што ораничниот слој подобро ќе се исуши, ќе дојде до мешање на почвените слоеви со наносот на земја, како и забрзување на ферментација на органските материи во ораничниот слој. Така ораничниот слој ќе добие подобра структура, а со обработката ќе се подобри водно-воздушниот режим, како и грубо порамнување на одредени парцели на кои е настаната ерозија. За два-три дена може да се изврши и длабоко орање на онаа длабочина за што е наменета земјоделската површина.
Поплавените подрачја би требало почесто да ги посетуваат стручни лица додека состојбата не се стабилизира.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





