Може ли да се одбие оваа понуда? Претседател на УО нуди 71.000 евра да ги купи сите слободни акции !
Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2018 06:30
Станува збор за Ристо Милев, најголем акционер и претседател на Управен одбор во земјоделски комбинат „ГД (Гоце Делчев) Тиквеш од Кавадарци
Нова намера за превземање акционерско друштво објавена на Македонската берза за хартии од вредност. Ристо Милев, најголемиот акционер во земјоделскиот комбинат „ГД“ Тиквеш од Кавадарци, а воедно и претседател на Управниот одбор објавил дека има намера да даде јавна понуда во која ќе ги купи сите слободни акции во таа компанија. Понудата што ја дава Милев е 157 денари за акција која книговодствено вреди 5.790 денари.
Милев поседува 58,8 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. Сега нуди да докупи околу 28.560 акции со право на глас и за тоа е спремен да плати нешто повеќе од 71.000 евра.
Лани ова друштво направило вкупни приходи од 255 милиони денари и добивка по оданочување од 18 милиони денари. Милев сака да ги купи сите акции во друштвото за 4,4 милиони денари односно за помалку од 30 отсто од добивката што ја остварил во претходната година. Фер понуда?!!! Друштвото никогаш досега не делело дивиденда, а неговите средства на крајот на 2017 година изнесуваат 515,3 милиони денари. Вкупните обврски на таа компанија се 2 милиони евра.
Што се поседува „ГД Тиквеш“?
Основна дејност на ГД-ТИКВЕШ АД Кавадарци е земјоделско производство. Вкупната површина на која друштвото го врши своето производство е 1.042 хектари. Основни производи се винско грозје на површина од 555 хектари и асталско грозје на површина од 250 хектари. Винското грозје е застапено со 69 отсто, а асталското со 31 отсто. Продажбата на своите производи ГД-ТИКВЕШ во последните неколку години ја остварува на домашниот пазар, а од другите држави продажба се остварува во Република Србија и во Белорусија. Споредни дејности се одгледување на житни култури, фуражни култури и овоштарство од кое на површина од 38 хектари е застапен насад со праски.
Во последнава година се истргувани само 72 акции на оваа компанија. Тие се тргувани по цена од 153 денари за акција. Освен Ристо Милев друг голема акционер е фирмата „Радомак“ сопственост на Леонит Димоски член на надзорниот одбор која поседува 23,3 отсто од акциите. За понудата на Милев ќе решаваат вкупно 517 домашни физички лица и две домашни правни лица.
Р. Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





