30 Април, 2024
0.0259

Може ли да се зголеми извозот, а да се намали увозот на храна?

Објавено во: Агробизнис, Колумни 18 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Благодарение на релјефот, географската положба и други природни услови, Македонија е производител на широк спектар на земјоделски производи-храна, суровини, пијалаци и др. Храната е најважниот дел, без оглед на тоа дали се конзумира како свежа или преработена. Поради погодните услови и традицијата, во Македонија се произведуваат релативно важни производи чиј обем ја надминува домашната потрошувачка, а тоа значи пристап до пазарот надвор од Македонија и борба во конкурентски односи со исти производи од светот, а особено од соседните земји и целиот медитерански простор. Овде пред сé, се мисли на овошјето, зеленчукот, грозјето и производите од овчарството. Затоа е потребно да се прати и анализира движењето не само на производството на храна, туку и извозот. На стручната јавност е познато дека вкупната економија на Македонија не може да ја покрие вредноста на вкупниот увоз со вкупниот извоз за над 30%. Исто така се знае дека вкупниот увоз на земјоделски производи го покриваме со извозот на вкупното земјоделство со Македонија од околу 75%, меѓутоа само храната (според “Стандардната меѓународна трговска класификација“) увезена во Македонија, ја покриваме со извезената храна од 53%. Тоа покажува голема зависност од увозна храна, како и одлив на финансиски средства од над 640 милиони долари годишно (просечно 2010-2014, но во 2011 и 2012 год. увозот на храната изнесувал над 680 милиони долари). Поради тие причини сакавме да направиме истражување на официјалните статистички информации  пратејќи го петогодишното движење на извезените количини на храна од Македонија (групирана според СМТК), извлекување на можни закључоци и препораки за иднина, а со цел денешниот дебаланс помеѓу извозот и увозот на храна од 135 илјади тони во вредност од 234 милиони долари да се елиминира или намали. Движење на количините на извезена храна од Македонија во тони
-Месо и преработки од месо Базен индекс 8329 100 9873 118,5 10786 129,5 10586 127,1 9634 115,7 9842 118,2
-Млеко, млечни производи и јајца Базен индекс 3775 100 4425 117,2 5752 152,4 5229 138,5 6493 172,0 5135 136,0
-Риби, ракови и сл.и преработки Базен индекс 1628 100 1664 102,2 1279 78,6 980 60,2 931 57,2 1296 79,6
-Жита и преработки од жита Базен индекс 26679 100 33663 126,2 32946 123,5 37581 140,9 39717 148,9 34117 127,9
-Зеленчук, овошје и преработки Базен индекс 404657 100 391893 96,8 352609 87,1 354064 87,5 377454 93,3 376135 99,0
-Шеќер, преработки од шеќер и мед Базен индекс 4358 100 4557 104,6 4078 93,6 4412 101,2 4051 93,0 4291 98,5
-Кафе, чај, какао, зачин и преработки Базен индекс 4905 100 4453 90,8 4755 96,9 5289 107,8 5114 104,3 4903 99,6
-Добиточна храна Базен индекс 3314 100 9686 292,3 6256 118,8 9125 275,3 11372 343,2 7951 239,9
-Разни производи за исхрана Базен индекс 11436 100 10354 90,5 10650 93,1 12210 106,8 11261 98,5 11182 97,8
Количините на извезена храна (вкупно) во последните 5 години се намалуваат или најблаго кажано стагнираат. Податоците од 2010 до 2014 година тоа го покажуваат. Не треба никакво сомневање, бидејќи овие години се земени само како пример за период од последните пет години. Податоци за 2010 година се земени како базен индекс, при што се гледа (види табела) дека во сите години, вкупно извезената храна е помалку од таа во 2010 и 2011 година, а просечната количина е опаднала на 96,8%. Анализата покажува дека извезената храна структурно е неповолна, бидејќи над 80% од вкупната извезена храна ја сочинуваат: овошјето, зеленчукот и нивните преработки, додека сите други извезени производи учествуваат со под 20%. Од друга страна податоците покажуваат силно зголемување на количините извезени производи кои се силно дефицитарни на домашниот пазар и при увозот на храна зафаќаат најголем обем. Тоа се однесува на месо, млеко, добиточна храна и житата. Овие податоци се охрабрувачки бидејќи умешни трговци-извозници, успеале да конкурираат на надворешниот пазар со овие производи, а тоа е индикатор дека може да се обезбеди подобар приход од овие производи. Најголемо зголемување се случило во извозот на добиточна храна, со зголемени количини во 2014 година во споредба со 2010 година за 3,4 пати, потоа е зголемениот извоз на млеко со 72%, на жита со 48,9% и месо со 15,7%. Најмногу е намален извозот  на живи животни, што е резултат на несоодветна     домашна селекција, но увозот на живи животни е зголемен за 5 пати. Ширењето на асортиманот на извоз односно зголемување на извозот на риби и преработки од риби, кафе, чај, особено зачини (за кои имаме услови) преработки од шеќер и др. чие учество опаѓа, треба да го намали учеството на извозот на овошје, зеленчук и нивни преработки. Но денес не е така и е неоправдано намалувањето на извезените количини на овие производи, чие опаѓање има пресудно влијание на вкупниот обем на извоз на храна. Можно ли е запирање на вкупното опаѓање на извоз на храна од Македонија и кои би биле производи кои во иднина можат (и треба) да го зголемат обемот на извозот? Нашите предности во поглед на поволните услови за конкурентно производство се познати, а тоа значи дека има реални можности да се зголемува извозот на овошјето и зеленчукот, но со многу поголемо учество на преработките од овошје и зеленчук во вкупните количини за извоз овошје, зеленчук и нивни преработки. Не е за потценување можноста да се подобри крмната база со воведување на системи за наводнување, што треба да ја зголеми бројноста на добиточниот фонд и со тоа да продолжи зголемувањето на извозот на месо, млеко, јајца. Се разбира и добиточните производи мора да добијат повисока финална форма. Според билансот на потребите, побарувачката и производните можности, денес сме блиску до задоволување на домашната побарувачка со жита, што значи дека со релативно мал пораст на приносот ќе се создадат услови за зголемување на извозот на жита и преработки од жита.Извозот е постојана борба за конкурентност, а во извозот од земјоделството и за повисоко финално производство. Проф. Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?