19 Декември, 2025
0.0710

Може ли Грција да избегне банкрот: Ципрас го испрати новиот предлог за решение на кризата

Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 12:50

Добивај вести на Viber

Грчките кредитори-ЕУ, ММФ, и Европската централна банка, го примија новиот предлог на таа земја, како би избегнала банкрот, објави на Твитер шефот на кабинетот на ЕК Мартин Селмајр.

Новиот предлог на Грција го примиле Јункер, Легард, и ЕЦБ“, напишал Селмајр и навел дека тоа е добра основа за напредок на денешниот самит во Брисел.

Тој додал дека е испорачан предлогот, бидејќи претставнииц на Унијата работеле до доцна во ноќта за да го „средбат договорот“ пред денешниот самит на лидерите на еврозоната во Брисел во надеж дека ќе се задржи Грција во валутниот блок.

Селмајр меѓутоа не навел повеќе детали за понудата на грчкиот премиер Алексис Ципрас до меѓународните кредитори после повеќемесечните преговори и потврдил дека предлогот на Ципрас го примил Јункер, гувернерот на Европската централна банка Марио Драги и директорката на ММФ Кристин Легард.

Грчкиот премиер разговараше вчера со лидерите на Германија, Франција, и Европската комисија во обид да најдат начин за напредок во преговорите околу решението на грчката должничка криза, пред денешниот самит на претставниците на еврозоната.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен