Можна ли е реализација и на „Јужен поток“ и на „Турски поток“?
Објавено во: Балкан, Економија 04 Август, 2016 13:32
Русија може да ги изгради истовремено и „Јужен тек“, и „Турски поток“, иако во доста „скратена“ верзија. Ова го пишуваат светско економско издание во своја анализа.
На овој начин Москва ќе може да ги реализира плановите и да ја заобиколи Украина како транзитна земја на природниот гас.
Според Катја Јафимава од Оксфордскиот институт за енергетски истражувања „затоплувањето“ на односите меѓу Турција и Русија повторно ќе ја стави на масата за преговори изградбата на „Турски поток“. „Има добра перспектива за реализација на овој проект до 2020 година, не порано“, вели таа.
Според Јафимава сепак „Газпром“ ќе изгради само една цевка од гасоводот со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Во неа ќе бидат доставени потребните количини гас за турската економија.
Taa смета дека Москва нема да изгради втора цевка, какви што беа првичните планови, за да не ја засилува улогата на Анкара на гасната карта на Европа.
Јафимава е убедена дека ќе има уште една цевка преку Црното Море - „Јужен поток“. Првично плановите беа гасоводот да има четири цевки со вкупен капацитет од 63 милијарди кубни метри гас.
Аналитичарот нагласува дека „намалувањето“ на проект ќе има поголеми шанси да добие одобрение од Европската комисија, бидејќи така Јужна Европа ќе има дотур и дел од транзитот преку Украина ќе биде зачуван.
Прашањето за „Турски поток“ сигурно ќе биде тема за време на претстојната средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Двајцата ќе разговараат на 9 август во Санкт Петербург.
Проектот беше замрзнат во крајот на 2015 година по соборувањето на руски воен авион од турските воздухопловни сили. Ова доведе до прекин на економските односи меѓу двете земји. Пред еден месец, сепак турскиот претседател и се извини на Москва за инцидентот и врските меѓу Кремљ и Анкара се обновуваат.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




