19 Декември, 2025
0.0478

Амбасадорката на Израел во посета на Клиничката болница Жан Митрев

Можна соработка на Клиника Жан Митрев со Израел

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023 16:16

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на Израел Н.Е. г-ѓа Симона Франкел ја посети Клиничката болница Жан Митрев. Целта на посетата беше разгледување на можностите за соработка меѓу Жан Митрев Клиника и здравствениот сектор на Израел. При посетата, амбасадорката Франкел беше примена од сопственикот на болницата д-р Жан Митрев и имаше можност да се запознае со постигнатите резултати на оваа специјализирана медицинска установа за кардио-хирургија, како и со другите здравствени услуги за нега на пациенти од земјата и странство.

Во текот на обиколката на болничките оддели и придружната инфраструктура пред  амбасадорка беше детално претставена болницата со целосните просторни капацитети и процесите. Беше претставена вградената технологија и опрема што оваа ретка медицинска установа ја рангира во самиот светски врв на даватели на здравствени услуги. Амбасадорката Франкел беше особено импресионирана од доследноста во примената на  концептот „зелена“ болница според сите инфраструктурни и амбиентални параметри со што Жан Митрев клиника е лидер во регионот и една од ретките целосно  дигитализирани болници со независен и целосно затворен систем на амбиентална контрола. Посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување квалификувани и врвни услуги во лекувањето на кардиоваскуларни болести на странски пациенти, за што Клиничката болница Жан Митрев има склучено договори со здравствени фондови од други земји, вклучително и со САД.

Сумирајќи ги впечатоците од посетата амбасадорката Франкел упати честитки до основачот д-р Жан Митрев и до сите вработени во болницата и се обврза да ги испита можностите за соработка со здравствениот сектор на Израел во делот, пред сѐ, во делот на стручно усовршување со цел размена на практични искуства во примената на најсовршени дијагностички и терапевтски методи, особено од областа на кардио-хирургијата.

Амбасадорката беше известена и за исклучителните резултати во работењето во текот на 23-годишната дејност, како и за поседувањето во континуитет од 2017 година на сертификатот од Joint Commission International (JCI) - највисокото меѓународно признание од областа на здравствените услуги.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии