Можно е на 23 јуни да се случи првата меѓувладина седница, вели Заев
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2021
Ако успее дијалогот со источниот сосед, можно е на 23 јуни да се случи првата меѓувладина седница.
Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се изнајде конечно решение за исчекор во спорот со Бугарија. Според него, има добра основа низ португалскиот предлог да се изнајде решение со Бугарија.
„Да замолам за решение на прагматични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји“, изјави Заев.
Бугарија бара гаранции. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека Бугарија има најголем интерес за евроинтеграцијата на нејзините соседи, но вели дека на проширувањето не треба да се гледа механички.
Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон-пејперот за прекројување на границите во регионот.Македонија не ги почна преговорите прво поради вето од Франција, а потоа и поради ветото од Бугарија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.