17 Јануари, 2025
0.0287

МОЖНО ИЛИ НЕ: Политичко соочување на ТВ ДУЕЛ меѓу Груевски и Заев пред избори?

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Помалку од 20 години македонската јавноста ја нема честа да го види соочувањето на два политички опоненти.

Речиси 18 години од дуелот кој уште е актуелен кога во 1998-та тогашните кандидати за премиер Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски се соочија на тв екраните. Веќе години наназад претставниците на власта одбиваат да се сретнат со своите политички опоненти и да ги соочат своите видувања на вистината, па дебатите се сведоа на соочување на ставовите на аналитичарите. 

Деновиве се поактуелно во јавноста е дали е можно политичко соочување на моментално двајцата најголеми лидери-Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев на СДСМ.

Граѓаните се „изгорени“ да гледаат едно вакво соочување каде фактите и аргументите како главен адут во рацете на политичките лидери ќе бидат ставени на маса.

Дел од јавноста вели дека е можно да се очекува ТВ Дуел меѓу Груевски и Заев но само во медиуми, каде што веројатно Груевски би избрал новинар кој ќе ги води тие дебати, други пак велат дека е невозможно тоа да го види наскоро македонската публика на тв екраните.

Што велат пак партиите на ова прашање?

Од опзицијата велат дека нема никаков проблем Заев да излезе на тв дебата со Груевски, во било кое време и во било кој медиум.

За разлика од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ пак не го велат истото. Ниту потврдуваат ниту демантираат, а дел од медиумите деновиве соопштија дека партијата на Никола Груевски треба да размисли и во зависност од агендата ќе се произнесат.

Екс премиерот од времето кога дојде на власт бега од телевизиско соочување.

Да се потсетиме ....

На предвремените парламентарни избори во 2008 година Груевски јавно беше повикан на ТВ ДУЕЛ од претседателката на СДСМ во тоа време Радмила Шекеринска.

Тогаш Шекеринска, преку видео порака, го викна Груевски на ТВ дуел и му порача да не „бега од женски фустани“.

Потсетете се на ова во видеото :


Претходно, ТВ дуел од лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и тогашен премиер бараше и екс претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Црвенковски го повика Груевски на ТВ-дуел да ги „соочат аргументите“, но ВМРО-ДПМНЕ го одби овој предлог.

„И затоа господине Груевски ајде да му ја кажеме вистината на македонскиот народ, ајде веќе еднаш јас и вие да седнеме на едно јавно соочување, на еден ТВ дуел и пред целата македонска јавност да ги предочиме фактите и да ги соочиме аргумуентите. Да проговориме за се, буквално за се што било до сега, но што е уште поважно и за тоа кој каква иднина нуди за нашата земја“, рече тогаш Црвенковски.


Точно два месеци не делат од изборите закажани за 11 Декември.

Дотогаш останува да следиме дали македонските политичари ќе го следат примерот на светските како што во моментов се случуваат дуели меѓу двајцата кандидати за претседатели на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп и на јавноста ќе и го приредат шоуто за кое долго време чека.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете