МПЦ ЗБОРУВА АМА НИКОЈ НЕ ЈА СЛУША: Коледарските огнови и вечерва ќе изгорат илјадници денари и дрва!
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2017 18:08
Апелот на МПЦ не допре до ушите на многу општини кои и вечерва не помислија на социјално загрозените и наместо да ги даруваат дрвата на сиромашните, тие ќе ги запалат.
Традиционалното горење на огнови за Бадник според Македонската православна црква не е христијански туку пагански обичај и затоа Црквата ги повика верниците да ја прекинат оваа традиција и да појдат на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.
Секоја година близу 20 000 евра за неколку часа горат во пламените јазици на коледарските огнови.
Штом падне вечерта граѓаните се собираат пред зграда и топлат покрај огновите со греана ракија, чај и богата трпеза. А, има и песна! Вака е моментално во скопско Ново Лисиче.
Чад до небо
Иако дел од граѓаните сметаат дека за бадниковиот оган непотребно се трошат огромни количества дрва како ресурс за добивање топлинска енергија, а засиленото загадување дополнително ќе ги угуши граѓаните, вечерва неколку часа ќе заборават на пресметките. Утре пак продолжува славењето. Со бадникова химна и подигање на новото бадникарско знаме пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи традицонално скопско бадникување.
Новиот Кум Радко Манов ќе го прими преодниот ќуп од рацете на Поглаварот на Македонската православна црква Г.Г. Стефан и заедно со минатогодишниот Кум Илија Малинковски ќе заминат со пајтон, препознатливото превозно средство за Скопје, поздравени од со граѓаните кои со симпатии и одобрување ќе ја проследат и оваа 25-та прослава на Бадник во Скопје.
Врвот на прославата се обраќањето на Поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан, здравицата на Љубиша Николиќ, кусото обраќање на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и на годинешниот Кум Радко Манов, кршењето на погачата со паричка и примопредавањето на преодниот пехар.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




