Мразот уништи лозја и овошки низ Македонија
Објавено во: Агробизнис 27 Април, 2017 13:07
Пролетниот мраз доведе до големи штети на лозјата и овошките во кочанско.
Комисиите за проценка на штетите на земјоделските култури во општината веќе втор ден се на терен за да направат увид на штетите.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јордан Димитров изјави дека земјоделците и од кочанско, како и од општините Зрновци и Чешиново Облешево имаат претрпено големи штети.
Тој кажа дека земјоделците штетите од мразот можат да ги пријавуваат до 15 мај, по што ќе се знае целосно претрпената штета по насади и површина. Потребно е да се достават пријави, трансакциска смета, имотен лист или договор за закуп.„Од мразот штети претрпеа и вишните, сливите, јаболките, крушите, смоквите и калинките. Земјоделците од кочанскиот регион масовно пријавуваат штети во нашата подрачна единица“ - вели Димитров.
Слична е состојбата во пробиштипско, битолско, охридско.
Се проценува дека во околината на Пробиштип штетата е 2 милиони евра.
Медиумите од соседството пишуваа дека поради измрзнувањето на овошките, можно е овошјето да поскапе летово.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





